Трагедијата во Кочани отвори многу прашања и системски пропусти од претходните 30 години. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, односоно Христијан Мицкоски и Венко Филипче веројатно ќе седнат на иста маса. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ќе иницира лидерска средба. Најави обелоденување на Планот за реформи. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, го повика на тет-а-тет средба. Вели, темата е пресериозна и бара сериозен пристап.

  • „Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. Од тоа што можев да разберам во јавноста е дека Филипче има некаков предлог, план. Тој може да го соопшти тој план преку прес-конференција, но, доколку цени дека и мене претходно треба да ме информира и запознае, јас сум секогаш тука. Сериозните теми бараат сериозен пристап“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Ги разбирам протестите, но позадината ја кријат „политички глодари“

Предлогот за заеднички натпартиски кандидат за градоначалник на Кочани, за Мицкоски е неприфатлив. Премиерот прифаќа и анкетна комисија, но таа да биде проширена и со други судски случаи. Мицкоски и Филипче се очекува повеќе да зборуваат во следната недела.

Од друга страна веќе почнаа да кружат шпекулации за иден градоначалник на Кочани.

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

Од ДУИ инсистираат на парламентарна комисија со меѓународен надзор. Вреди, пак, е против лидерска средба-непотребно ќе се губело време.