Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН и треба да учествува на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, имаше средба со косовскиот премиер Албин Курти.

-Остварив средба со премиерот на Република Косово, Албин Курти, на која разговаравме за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и заедничките предизвици и можности за развој на нашите две земји, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Продолжуваме, додава Мицкоски, со отворен и конструктивен дијалог во насока на стабилен, поврзан и просперитетен регион.
