Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на детската градинка „Лавче“ во населеното место Инџиково, во Општина Гази Баба.

Како што информираат од Владата, на настанот е предвидено изјава за медиумите да даде премиерот Мицкоски.

Пуштањето во употреба на градинката е најавено за во 11:00 часот.