Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево во рамки на посетата на Минхен остварил средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. На средбата Мицкоски истакнал дека Македонија останува посветена на европскиот пат и реформите, но оти заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања.

 

– Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Јасно ја пренесов нашата позиција Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања, посочил премиерот Мицкоски на средбата.