Премиерот Мицкоски на отворањето на нова градинка во Кочани
За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можеме да пуштиме во употреба објект којшто ќе додаде квалитет во животот на граѓаните, така и овој објект во Кочани. Градоначалникот многу детално даде еден осврт на тоа што овој има за цел да направи и која е неговата функција и колкав е бројот на дечиња што ќе бидат овдека што ќе бидат згрижени и којшто ќе можат да растат во рамките на овој објект, како што знаете дека долго време беше потребно за да биде пуштен во употреба целосно, посочи премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на новата градинка во Кочани.

-Јас ќе ја искористам оваа прилика и да се заблагодарам и на градоначалникот и на заменик-министерот во Министерство за социјална политика, демографија и млади, на советот, на администрацијата во Општина Кочани, на пратеникот којшто е тука со нас за ангажманот којшто го имаат и за сето она коешто го направија за да денеска конечно после сите перипетии во минатото имаме објект којшто е функционален и полн со дечиња, со вработени коишто ќе имаат навистина хумана задача и јас се радувам секогаш кога најмладите, најсаканите ќе можат да ги поминуваат своите најубави детски години во ваков тип на современи објекти како што е овој тука.
Истовремено немам што да додадам на сето она што го кажа и градоначалникот и заменик-министерот за сите оние проекти и приоритети, нема да се повторувам само сакам да посакам што побргу да ги реализираме, а ние како Влада ќе продолжиме да ги подржуваме во нивните цели, во нивните приоритети бидејќи тие најдобро знаат градоначалникот овде во Кочани, а заменик-министерот во рамките на министерството што е она коешто е приоритет на граѓаните. Ќе повторам, ние како Влада стоиме целосно и позади работата на градоначалникот и апсолутно позади потребите на граѓаните на Општина Кочани, рече премиерот.
