Утре премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со Арбен Таравари за да побара одговор дали Таравари тивко ќе го поддржува ДУИ на локалните избори. Оваа средба на Мицкоски со Таравари беше потврдена денеска по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Мицкоски очекува јасен став  од Таравари за наводниот договор во неколку општини.

Потврдена средба за утре: Премиерот очекува јасен став од Таравари

По оддавањето почит на Гоце Делчев, Мицкоски изјави:

„Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува.“

На средбата, премиерот ќе бара одговор од Таравари, дали има договор со ДУИ. Тој сака да разјасни дали во неколку општини Таравари ќе извади кандидати без конкуренција од ДУИ.

Премиерот нагласи дека за него е неприфатливо да има договор меѓу Таравари и ДУИ. Тој очекува целосна транспарентност за овој договор пред локалните избори.

Оваа средба треба да покаже дали Таравари ќе продолжи да функционира во Владата.

Извор: Либертас