Го честитам големиот христијански православен празник на сите верници коишто денеска го слават, на православните христијани, а на сите граѓани им посакувам здравје, среќа и успех за нив и нивните семејства, напиша премиерот Христијан Мицкоски, по денешната посета во Берово, по повод празникот на „Успение на Пресвета Богородица“.

Исто така би сакал на рударите, бидејќи ова е нивен ден, да им посакам среќно кога влегуваат во рударските окна и да посакам нормално безбедна работа, работа којашто ќе значи подобра иднина за граѓаните и за Македонија.

Традиционално денеска сме во манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во Берово заедно со моите соработници, со граѓаните во Берово, секогаш е задоволство да се биде на овој ден токму тука и да се одбележи овој ден со порака којашто е обединувачка, којашто значи обединување, всушност тоа е и мојата желба како претседател на Владата, напиша Мицкоски.