Денеска во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, со длабока тага и искрено почитување му оддадовме последна почит на нашиот драг пријател и сопартиец, Јовица Илиевски, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.

Заминувањето на Јовица е голема загуба за неговото семејство, за неговите пријатели, за сите што имаа чест да го познаваат, но и за општина Брвеница, која неизмерно ја сакаше и за која несебично работеше. Неговата посветеност кон луѓето, чесноста, скромноста и искрената желба да придонесе за подобар живот во својата заедница ќе останат трајно врежани во нашите сеќавања, напиша Мицкоски.

Татковината се гради и се сака преку делата, преку пожртвуваноста и преку грижата за сопствениот народ и своето место. Токму таков беше Јовица, човек кој веруваше дека со чесна работа, одговорност и заедништво можеме да изградиме посилна и поуспешна Македонија. Неговиот лик и дело ќе продолжат да живеат преку спомените што ги остави, преку добрината што ја ширеше и преку трагата што ја остави меѓу луѓето. Нека му е вечна слава и вечен спомен, додаде на крај Мицкоски.