Протестите оценети како традиционални првомајски активности

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека дел од синдикатите што денеска протестираат претходно учествувале на заеднички прес-конференции на кои, како што рече, биле постигнувани договори за повисоки права и плати.

Тој посочи дека денешниот собир го гледа како дел од вообичаените првомајски активности.

„Ова нивно протестирање денеска го класифицирам во групата традиционални првомајски протести кои, впрочем и синдикатите треба да ги прават. Право на секој граѓанин е да протестира и да се бори за поголеми права. Ние сме демократска држава, ова е демократска Влада, така што ние тоа право го почитуваме“, истакна премиерот.

Изјавата ја даде од Охрид, по поставување камен-темелник за катна гаража кај Градскиот пазар.

Посета на Охрид и увид во проекти

Мицкоски во рамки на посетата на Охрид најави и теренски активности.

Тој треба да изврши увид на градежните работи на плоштадот „Кај Чинарот“, како и на проектот за пумпната станица „Метропол“.

Во посетата е придружуван од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.