Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти ќе присуствува на проектот заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
Финални технички подготовки за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце
При денешната посета предвидено премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.
Поврзување на системите за побрз премин
Освен Мицкоски кој досега зборуваше за One Stop Shop, претходно на оваа тема говореше министерот Панче Тошковски. Според него инсталацијата на техничките компоненти е во завршна фаза. Во тек се подготовки за вмрежување на системите на двете држави.
„Имавме можност да видиме како ќе функционира системот преку единствена платформа. Информациите ќе се споделуваат меѓу министерствата. Со тоа ќе се овозможи контрола од само еден полициски службеник за влез на косовските граѓани во Македонија и обратно“, истакна Тошковски.
Подобрување на инфраструктурата за поголема ефикасност
Во рамки на подготовките, ќе се направат мали градежни зафати. Ќе се прошируваат влезовите кон Македонија. Бројот на кабини за влез во Косово ќе се зголеми од три на шест. Ова ќе придонесе за значително намалување на времето на чекање на границата.
„One Stop Shop“ ќе се прошири и на други граници
Министерот Тошковски најави дека по успешната имплементација со Косово, овој систем ќе биде воведен и на граничните премини со Србија и Албанија, со што ќе се олесни прекуграничниот сообраќај и ќе се зголеми ефикасноста на граничните премини.