„Ќе треба одреден период за Македонија да има одреден напредок, ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе дадеме се од себе со еден жар во нас да повлечеме нанапред, тоа беше повеќе од очигледно и од техничките министри и замениците министри во техничката Влада. Јас сум пресреќна со кадровските решенија во новата влада бидејќи тоа се исклучително квалитетни луѓе“, истакна Мизрахи.

Таа продолжи и додаде:

„Враќање на нормалноста во функционирањето подразбира оживување на институциите од внатре, значи искористување на кадарот што се наоѓа внатре во институциите во насока на институциите да постојат. Досега министрите се грижеле за нивниот личен бенефит или тендерските постапки, па затоа имаме толкава стапка на криминал и корупција која ја гледаме. Криминалот и корупцијата во над 90 проценти е контролиран од државата што значи дека министрите и владата имала учество во тој криминал и корупција“, рече Мизрахи.

Таа истакна дека борбата со криминал и корупција е главното прашање за ВМРО-ДПМНЕ.

„Главното прашање за ВМРО-ДПМНЕ е борбата со криминал и корупција тоа е првото и основно прашање кое треба да се обратиме. Досега имавме држава која и припаѓаше на мафијата и ни треба борба со таа мафија, криминал и корупција за да имаме слободни институции и систем кој ќе функционира“, вели Мизрахи.

Таа посочи дека Македонија ќе биде стабилно место за деца да останат дома.

„Генералната цел за нашето постапување како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е создавање на држава, имање на држава која ќе е стабилно место за нашите деца да останат дома. Сите заедно со многу надеж после огромната победа ќе изградиме држава достојна за Македонија“, посочи Мизрахи.