На 24.09.2021 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ѓ.(22) од Скопје, постапувајќи по пријава на 25-годишна жителка на Скопје, според која Н.Ѓ., со кого од претходно се познавале, во периодот од 12.00 до 15.00 часот ја однел со своето возило и физички ја нападнал, не дозволувајќи ѝ да си замине доколку не бидат во врска.

Со него е извршен службен разговор, известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок.