Млада девојка вчера вечер е пронајдена мртва на браната Градче во Кочани.
Безживотното тело на девојката го пронашол вработен на браната, кој пријавил дека е забележан безживотен труп и повикал полиција и Брза помош, кои само констатирале смрт.
Родителите го препознале телото на девојката.
Пред неколку години на истото место беше пронајден труп на девојка.