Според истражувањето на YouGov, 41 отсто од оние на возраст од 18 до 24 години сметаат дека сега треба да има избран шеф на државата, наспроти 31 отсто кои сакаат крал или кралица. Ова е пресврт во ставовите од пред две години, кога 46 отсто претпочитаа монархија отколку 26 отсто кои сакаа да се замени.
Генерално, сепак, истражувањето има добри вести за 95-годишната кралица Елизабета Втора и за кралското семејство – 61 отсто претпочитаат монархија, додека нешто помалку од една четвртина сметаат дека треба да биде заменето со избрана извршна власт.
Последните неколку месеци беа тешки со смртта на 99-годишниот сопруг на кралицата, принцот Филип, во април и кризата што следеше со внукот на Елизабета Втора, принцот Хари и неговата сопруга Меган, со американската водителка Опра Винфри.
Претходните социолошки студии покажаа возрасна поделба, при што помладите генерации имаа поповолен став кон Хари и Меган отколку постарите, кои имаат многу негативни чувства кон нив. Иако не постои можност да се стави крај на монархијата се додека кралицата остане на тронот, постои загриженост за кралското семејство со намалената поддршка кај помладите Британци.
Педесет и три отсто од луѓето на возраст меѓу 25 и 49 години поддржуваат зачувување на монархијата, што е за 5 отсто помалку од слична анкета во 2019 година, додека поддршката за избран шеф на државата е зголемена за четири отсто.
Меѓу оние над 65-годишна возраст, 81 отсто ја поддржуваат монархијата, речиси непроменета поддршка за две години.