Денеска започна исплатата на 100 евра помош за младите. Министерот за финансии Синиша Мали, изјави дека Управата за финансии утрово веќе префрлила средства за 400.000 млади луѓе. Пари ќе добијат вкупно 1.105.196 лица, а исплатите, како што рече, продолжуваат и утре и задутре.

Под слоганот „Да кликнам од среќа“, државата го даде правото за аплицирање за помош од 100 евра, за граѓаните на Србија кои се на возраст од 16 до 29 години.

Аплицирањето за еднократна помош на младите во износ од 100 евра започна на 16 мај, а последен ден за пријавување до Трезорот беше вчера.