– Со години (претставниците на ММФ) не се потребни овде. Останаа бидејќи сакаат феијоада, гулаш од црн грав и месо, фудбал, пријатен разговор и од време на време да критизираат и да даваат погрешни предвидувања, посочи Гуедес.

Од 30 јуни, 2022 година, кога треба да биде сменет актуелниот претставник на ММФ, Бразил повеќе нема да ја признава Канцеларијата на ММФ.

ММФ се согласи да ја затвори Канцеларијата во Бразил на 30 јуни следната година.

– Се надеваме дека високиот квалитет на ангажманот помеѓу Фондот и бразилските власти ќе продолжи и ќе соработуваме на поддршката на Бразил за зајакнување на нејзината економска политика и институционална структура, се наведува во соопштението на ММФ

Бразилската Влада одлуката ја донесе по критиките на Гуедес поради предвидувањата на ММФ изминатите години. ММФ за 2020 година, за време на пандемијата со Ковид-19 предвидуваше намалување на бруто домашниот производ (БДП) од девет проценти, а истиот изнесуваше четири отсто.

Гуедес постојано ги обвинува странците, но и Бразилците дека ја потценуваат најголемата економија во Јужна Америка. Според него оваа година се очекува пораст на БДП од пет проценти, а за следната од два отсто.