Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова ќе биде прва работна посета на новиот бугарски премиер на странство. Тој во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Петков изјави дека ќе отпатува во Брисел на самит за да ги покаже приспособените први стратегии на новата бугарска Влада.

Разговорите со европските лидери ќе се фокусираат на ситуацијата во енергетскиот сектор и зголемувањето на цените на енергијата, планот за закрепнување и одржливост, борбата против корупцијата и процесот на проширување на ЕУ со Западен Балкан.

Со генералниот секретар на НАТО, новиот бугарски премиер ќе разговара за безбедносните предизвици во регионот на Црното Море и Југоисточна Европа.