Анкетата покажа дека граѓаните на Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври.
Најновото национално истражување во Македонија од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека 53 проценти од испитаните граѓани на прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, рекле дека би требало да се избере друг кандидат.
Граѓаните во анкетата загриженост покажуваат во врска со темпото на пристапување кон Европската унија и ги идентификуваат невработеноста и КОВИД-19/достапност на вакцини како два најголеми проблеми во земјата.