Министерството за надворешни работи ја потврди веста објавена во црногорските медиуми дека 22-годишно момче од Северна Македонија починало во Црна Гора.

– Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека наш државјанин (Е.Х. роден 2000 година во Тетово) му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха, се вели во одговорот од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

Во тек е обдукција со цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорски институции.

Црногорските медиуми денеска објавија дека младо момче од Северна Македонија се удавило на плажа во Црна Гора.