Помлад жител на долнореканското село Ростуше го загуби животот со давење во водите на Радика. Телото било извадено во близина на селото Јанче.

Според СВР Тетово, вчера во попладневните часови (19.05.2021 во 17.00) часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано „Влог“, општина Маврово и Ростуше, било пронајдено телото на Б.А.(22) од село Ростуше.

По пријавата била повикана екипа на Противпожарната единица-Дебар го извадила телото од реката, а лекар констатирал смрт.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.