На 16.07.2023 во 13.30 часот во СВР Струмица, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од с.Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.
За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.