Тој истакна дека поради тоа сега Македонија е длабоко заглавена на патот кон ЕУ и од нас се бара да признаеме дека до 1945 македонскиот јазик и Македонците биле Бугари, а ЕУ јасно ни порача дека без решение на спорот со Бугарија нема датум за членство.

– Фон дер Лајен ни кажа дека нема преговори со ЕУ без да се реши спорот со Бугарија. Од Бугарија денеска добивме порака дека нема да ги сменат ставовите во однос на Македонија. Има стотици изјави на оваа тема од Борисов и Радев. Суштината е дека ние сме длабоко заглавени, вели Момироски.

Момироски вели дека на референдумот прашањето беше дали сме за влез во ЕУ и НАТО, доколку го смениме името, и заради Заев сега се наметна и нов спор со Бугарија, а тој не сноси одговорност.

 -Каде е линијата, од каде сме сигурни дека Бугарија нема да бара нови отстапки? Да признаеме дека македонскиот јазик не македонски и дека е дијалект на Бугарскиот, и дека до 1944 нашите предци биле Бугари? Јас не се согласувам некој да ме признава од некоја година која нему у одговара. Зошто да прифаќаме нешто? Во Копенхашките критериуми не пишува дека некој некому може да наметне вакви работи, нагласи Момироски.