Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Учеството на оваа олимпијада го организирал Сојузот на Математичари на Македонија.
Младиот математичар се најде во центарот на јавноста и на почетокот на годинава, кога беше одбиен од државата да добие парична награда за освоено прво место на државен натпревар по математика, зашто бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.
Тогаш на социјалните мрежи се споделуваше документот од Министерството за образование и наука, потпишан од министерката Мила Царовска, во кој пишуваше дека ученикот е одбиен затоа што бил редовен ученик во основно образование, а одржаните натпревари на кои победувал биле наменети за средношколци.
Документот во кој пишува дека Дамјан и неговиот ментор Кокан Радев се одбиени за награда го објавила мајката на детето, Никица Давкова.
– Еве како во Македонија се ценат талентираните ученици. Очигледно во законот нема предвидено вакво нешто. Да учествуваше за основно образование, ќе добиеше. Вака не– напиша тогаш мајката на Дамјан.
Ученикот беше поддржан со еднократна парична награда од 15 илјади денари од општината Штип и со признание за почесен граѓанин на општината.