Триесет и двегодишен жител на Тетово е уапсен откако, според полицијата, со закана со нож се обидел да изврши разбојништво во казино во градот. При алкотестирањето било утврдено дека имал 2,49 промили алкохол во крвта.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници на 15 јули 2026 година го привеле К.В. (32) од Тетово, поради основи на сомнение дека истиот ден, околу 11:05 часот, се обидел да го изврши кривичното дело „разбојништво“ во казино во Тетово, заканувајќи се со нож.

При претресот кај осомничениот, како и по извршеното алкотестирање, било утврдено присуство на 2,49 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.