Русија не сака привремено примирје
Советникот на рускиот претседател Владимир Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва не е заинтересирана за привремено примирје, туку за долгорочно решавање на конфликтот со Украина.
„Во последно време одржувам редовни телефонски контакти со Мајк Волц. Вчера ми се јави и ме информираше за главните резултати од преговорите со украинската делегација во Џеда. Ги коментиравме договорените услови за привремено примирје. Нашиот став е дека тоа претставува само кратка пауза за украинските сили“, изјави Ушаков.
Русија не прифаќа „лажни“ мировни иницијативи
Ушаков, кој е поранешен руски амбасадор во Вашингтон и актуелен преговарач со САД, додаде:
„Веруваме дека нашата крајна цел е трајно и мирно решавање на ситуацијата. Ни треба мировен договор што ги зема предвид легитимните интереси на нашата земја. Нашите загрижености се добро познати. Никој нема потреба од чекори кои само имитираат мировни процеси“.
Претходно и Путин се огласи на оваа тема.
Путин со строги услови за прекин на огнот во Украина: Светот ќе го игра танцот на Москва
Американски пратеник пристигна во Москва
Утринава во Москва слета пратеникот на Доналд Трамп, Стив Виткоф. Официјално, тој не е назначен како главен преговарач на САД во разговорите со Русија.
Се очекува Виткоф да оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин, кој во овој момент има состанок со белорускиот лидер Александар Лукашенко. По разговорите, Путин и Лукашенко најавија заедничка прес-конференција.
Извор: Сега