– Ние сме во постојани преговори со Владата, Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, а од кабинетот на премиерот имаме добиено писмено известување дека на нашите доставени писмени барања се прифатени т.е од нивна страна одговорено е позитивно дека вакцинацијата на вработените во МВР е планирана во делот на прироитетните фази односно во II фаза, соопштија од МПС.
Од Синдикатот посочуваат дека се и во секојдневна комуникација со Советот на Европските полициски синдикати, каде членки се Германија, Шпанија, Франција, Португалија , Италија, Кипар, Грција, Романија, Бугарија, Албанија и сите земји од поранешната СФРЈ.
МПС, како што соопшти, е рамноправен член за нивно ангажирање и лобирање кај нивните Влади за донација на Владата на РСМ од вакцини за Ковид-19, кои би биле исклучиво наменски за припадниците на МВР.
– Ние како синдикат би прифатиле донација на вакцини од нашите братски синдикати од соседството и Европа и вакцинацијата секако би се вршела во нашите здравствени установи. Далеку од здрав разум е да бидат изготвувани списоци со лични податоци на наши членови кои воедно се припадници на безбедносните сили на РСМ, и доставување на странски држави, со што автоматски би го загрозиле безбедносниот систем на државата, се наведува во соопштението на Синдикатот.