Македонската радио-телевизија (МРТВ) организира високобуџетна вечера за гостите од Европската радиодифузна Унија (ЕБУ), на која е предвидено да се потрошат илјадници евра за луксузни производи. Според информациите, само за едно скапо сирење може да се потрошат околу 1.000 евра, а менито вклучува ексклузивни морски плодови, егзотични зачини и специјално подготвена храна.
1.000 евра само за сирење – МРТВ со „елитно“ мени
Според објавата на Off.net.mk, меѓу нарачаните деликатеси се и сирењето „Big Woods Blue“, кое во странство чини 70-100 евра за килограм, но во Македонија може да биде и до 50% поскапо. Ако 120 гости добијат по 100 грама од ова сирење, за него ќе бидат потрошени околу 12 килограми, односно речиси 1.000 евра.
Меѓу нив има работи кој македонскиот обичен човек па дури и вработен во МРТВ не може да ги јаде освен ако не отиде на коктел во некоја странска амбасада.
-
,,Печен анасон и лубеница (во мај!) со жолт домат мариниран со босилек; тропски ракчиња (мора ли тропски?) со прелив од ананас и папаја; димена патка и прелив од ореви и цреши; сино сирење од видот Big Woods, паеља од морска храна со школки, ракчиња (тропски?) и арборио ориз со шафран… Ова е само дел од менито кое МРТ го нарачува за свои гости од ЕБУ. Поблиску се до добивање Мишелин ѕвезда отколку до некоја ТВ награда”, пишува Офф.нет за листата на храната која ја бара МТВ по спецификација.
Зошто се трошат парите надвор од земјава?
Граѓаните се прашуваат зошто МРТВ набавува скапи увозни намирници, наместо да ги поддржи домашните производители. Зошто ракчињата мора да бидат тропски, а не од Егејското Море? Дали парите се од буџетот на МРТВ или ЕБУ, не е важно – факт е дека трошоците за ваква вечера се далеку од она што е достапно за просечниот граѓанин, па дури и за вработените во МРТВ.
Настанот ќе трае неколку дена, што значи дека вкупните трошоци за ваквата угостителска услуга би можеле да бидат уште повисоки. Дали јавниот сервис навистина треба да троши на „Мишелин“ мени?
Извор: expres.mk