Не се точни информациите дека испораката на пакетите ја вршат актуелни градоначалници во функција на локалните избори. Напротив, испораката на пакетите ја врши единствено Црвениот крст на Република Северна Македонија, со кого Министерството за труд и социјална политика на 10.06.2021 година потпиша договор за набавка и испорака на 55.488 хигиенски пакети на семејства кои се во социјален ризик/со ниски приходи (приматели на гарантирана минимална помош, на образовен додаток, на детски додаток и на социјална сигурност за стари лица).
Целосната испораката на овие пакети, како што беше и најавено, се очекува да се реализира до крај на август 2021 година.
Заедно со пакетите, во рамките на програмата „Читаме дома“ финансирана од страна на Канцеларијата на Светска Банка во државава, се дистрибуираат и книги за децата од најранливите семејства. На овој начин повеќе од 40.000 деца на возраст од 3-11 години добиваат книги на јазикот кој го говорат дома.