Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на ОН

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, синоќа во Њујорк оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Македонскиот министер средбата ја опиша како можност за јакнење на глобалното управување.

Улогата на ОН во глобалните предизвици

„На средбата во седиштето на Обединетите нации, ја потенцирав клучната улога што организацијата ја има во време на сложени глобални предизвици, како што се вооружените конфликти, кршењето на човековите права, тероризмот, насилниот екстремизам, новите технологии и климатските промени,“ објави Муцунски на својот Фејсбук профил.

Објавата погледнете ја во продолжение.

Поддршка за Агендата 2030 и глобалниот дијалог

„Во контекст на Агендата 2030 и целите за одржлив развој, заеднички заклучивме дека Пактот на иднината претставува можност за јакнење на глобалното управување и за ефикасен одговор на тековните и идните предизвици“, нагласи Муцунски.

Министерот пишува дека посочил дека како држава Македонија останува подготвена да даде активен придонес во унапредувањето на мултилатерализмот и глобалниот дијалог.

„Го потврдив нашиот цврст ангажман за принципите на Повелбата на Обединетите нации, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, што е особено важно сега, кога сме членка на Советот за човекови права,“ истакна министерот.

Ваквата средба следува по посетата на инаугурацијата на Трамп во Америка.

(ФОТО) МУЦУНСКИ ОТКРИВА: Со Мицкоски се во приватната ложа на еден од најмоќните политичари во САД!

Првиот човек на македонската дипломатија продолжжува со низа средби.