Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Тој порача дека празникот ја одбележува борбата за создавање сопствена држава и ја истакна одговорноста на денешните генерации кон иднината.
„11 Октомври е симбол на слободата, достоинството и државотворноста, ден кога оддаваме почит на храброста и пожртвуваноста на македонскиот народ во борбата за создавање сопствена држава“, напиша Муцунски.
Тој посочи дека празникот е потсетник и за предизвиците што ги носи иднината.
„Овој празник нè потсетува на нашето минато, но и на одговорноста што ја имаме кон иднината. Секоја генерација има свои предизвици и свои битки.“
Муцунски нагласи дека почитта кон жртвата на претходните генерации треба да биде поттик за продолжување на изградбата на државата.
„Почитувајќи ја жртвата на генерациите пред нас, наша обврска е да продолжиме да градиме слободна, безбедна, почитувана и меѓународно интегрирана држава – дом за сите нејзини граѓани.“
„Честит 11 Октомври!“, порача министерот.
