Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот, се вели во извештајот на МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, соопштија од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.