-Таков притисок апсолутно не постои, ниту кон оваа ниту кон било која друга општина. МВР во своето работење постапува исклучиво во согласност со законите и своите надлежности. Во конкретниот случај е постапено од СВР Куманово по претходно добиена пријава. На 25.09.2021 во СВР Куманово било пријавено дека во населба Карпош незаконски се изведуваат работи. По добиената пријава, од страна на полициските службеници од СВР Куманово биле преземени мерки и извршен увид на самото место. Согласно стандардите за етичко известување бараме да биде објавен овој демант во најскор можен рок, велат од МВР.
МВР демантира: Не вршиме притисок врз Максим Димитриевски
М
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите и дезинформациите што ги шири градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски дека МВР и министерот Спасовски вршат притисок врз општината, се вели во демантот од МВР.