СДСМ, Ковачевски и Спасовски секојдневно го допираат дното во секој поглед. Класичен пример за допрено дно во безбедносен систем е ставањето на МВР во улога на партиска полиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Срамно е кога секојдневно има по десетици дојави за бомби низ институции и објекти, СДСМ да ги користи ресурсите на полицијата за своите партиски настани цели 24 часа однапред.

Додека по цели денови се необезбедени училишта, градинки, трговски центри и многу други институции каде што учат деца и се движат граѓани, СДСМ полицијата ја користи за партиски активности.

На СДСМ, Ковачевски и Спасовски, заедно со своите партиски послушници во МВР, поважна им е безбедноста на партиските настани, отколку безбедноста на граѓаните.

Несериозноста на оваа неспособна власт ги доведе граѓаните да не се чувствуваат безбедно во својата држава.

Оваа Влада е најнеспособната власт во историјата на Република Македонија со најмногу скандали кои директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.