Од Министерството апелираат граѓаните да се имунизираат зашто вакцинирањето е без закажување термин, а вакцините се достапни за секого.
– Вакцините против Ковид-19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста. За да се постигне целта на вакцинацијата неопходно е да се вакцинираат што поголем број граѓани, наведува Министерството.
МЗ информира дека досега барем една доза антиковид-вакцина примиле 58 отсто од населението над 70 години, 55 отсто повозрасни од 65 години, 50 проценти од населението над 60 години и 40 проценти што се на возраст над 50 години.