Македонската азбука е заснована врз кириличното писмо, но адаптирана на нашиот фонетски систем, со воведување на специфични букви, како што е на пример буквата Ѕ, а се прифатени записите за Љ, Њ и Џ.

Современата македонска азбука е донесена со решение на народната влада на Федерална Македонија, подоцна преименувана во Народна Република Македонија. Азбуката е донесена на 3 мај 1945 година, кога воедно се вовел и правописот на македонскиот јазик. Владата ја прифатила азбуката на 5 мај 1945 година и прогласот бил објавен во весникот „Нова Македонија“, бидејќи во тој период овој весник се користел и за владини акти. Службениот весник е основан нешто подоцна. Интересен факт за азбуката е дека има мала разлика во однос на редоследот на буквите споредена со современата. Имено, буквата „ќ“ не била после „ц“, туку после буквата „к“.

На денешен ден пред 76 години е донесено Решението за утврдување на македонската азбука со 31 буква.

Пишувајте кирилица! Чувајте го својот јазик и азбука!

Негувајте ја својата традиција! 🇲🇰

Posted by Македонска поезија on Monday, May 3, 2021

 

На денешен ден пред 76 години е донесено Решението за утврдување на македонската азбука со 31 буква.

Пишувајте кирилица! Чувајте го својот јазик и азбука!

Негувајте ја својата традиција!