Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши доби кривична пријава, бидејќи на денот на изборите во мај праќал командувачки пораки до началник во СВР Охрид.
Ова кривично дело предвидува минимална казна од една година затвор, а максималната, во зависност од тежината на делото и последиците може да биде до 5, 10 или повеќе години затвор.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик“, се вели во полицискиот билтен.