На Денот на Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана официјално ја претстави како „Македонска армија“ Во уставниот поредок, определбата „македонски“ се поврзува исклучиво со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република Северна Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата, се вели во соопштението од ДУИ.

Во продолжение интегралното соопштение од ДУИ

Можеби Министерството, ненамерно, само ја опиша реалноста што ја создава оваа Влада.

Албанците систематски се отстрануваат од високите позиции и од центрите на одлучување во секторот за одбрана. Десет директори во Министерството за одбрана, ниту еден Албанец. На нивоата каде што се носат одлуките, присуството на Албанците е сведено до целосно исклучување.

Армијата се финансира и од даноците на Албанците. Албанците служеле и продолжуваат да служат во нејзината униформа. Албанските семејства ѝ ги довериле на оваа институција своите синови и ќерки. Никој нема право да ја претвори во симболичка и институционална сопственост на само една заедница.

Во меѓувреме, „не-вреди“ молчи. Нивните министри и заменици-министри си ги чуваат фотелјите, додека Албанците ги губат позициите во полицијата, Армијата и во целиот безбедносен систем. Нивната улога е сведена на оправдување на одлуките на ВМРО-ДПМНЕ и на производство на соопштенија против ДУИ.

Бараме итна корекција на називот, објавување на етничката структура на раководните позиции во Министерството за одбрана и враќање на правичната застапеност на Албанците на сите нивоа на одлучување.

Армијата на Република Северна Македонија е заедничка институција. Секој обид таа да се претставува и гради како моноетничка институција директно ги загрозува мултиетничкиот карактер на државата и духот на Охридскиот договор.