Италијанските власти откриле 850 килограми кокаин, скриени на товарен брод во близина на Венеција. Според грчките медиуми, станува збор за брод во сопственост на грчка компанија.

Кокаинот, откриен во 570 пакувања, е во вредност од 150 милиони евра.

Грчките медиуми пишуваат дека бродот „Атлас“ плови под либериско знаме и е во сопственост на грчката бродска компанија Ласкаридис.