Царинската управа соопшти дека запленила 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган.

Патникот, кој бил норвешки државјанин со потекло од Косово, во себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронашле при контрола на скенер.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 120 илјади норвешки круни, а останатите биле запленети. Против него е поднесена и соодветна пријава.