При пасошка контрола било утврдено дека во службената евиденција се бара по телеграма од ОВР Кавадарци, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, казниви по член 300 и 301 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Велес за понатамошна постапка.