Возилото било управувано од Ш.А.(42) од Виница и патничко возило „опел зафира“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.А.(18) од Струмица, соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Е.А., Ш.А. и сопатникот во возилото „опел“, Е.М.(22) од Струмица, a со телесни повреди се здобиле сопатник во возилото „опел“ А.М.(26) и малолетен сопатник во возилото „пежо“, сите констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото на нeсреќата извршила екипа од СВР Штип.