Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.