Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 11 до 17 часот спровеле засилена контрола на брзината со која се движат возилата, во која биле изречени вкупно 202 мерки – 106 надвор и 96 во населено место, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од мерките изречени надвор од населено место (Тетово – 72 и Гостивр – 34), девет (Тетово – 6 и Гостивар – 3) се однесувале на возачи кои се движеле со брзина поголема од 70 километри на час над максимално дозволената, а 48 (ТЕ-18 и ГВ-30) до 70 километри на час, соопшти МВР. При контролата санкционирани се и 96 возачи во населено место (ТЕ-49 и ГВ-47) кои се движеле со поголема брзина од максимално дозволената, меѓу кои четири (Тетово) до 50 километри на час.

На сите возачи прекршители изготвени им се соодветни законски поднесоци. Санкционирани, исто така, биле и осум други видови сообраќајни прекршоци – три на подрачјето на Тетово и пет во Гостивар.