– Во општина Дебар до 15 часот правото на глас го остварија 2.453 граѓани или 24 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список. Членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори, изјави потпретседателката на ОИК, Јованка Јосифовска, која заедно со Саит Абазоски, член на комисијата, беа на увид во изборно место 0544, сместено во деветолетката „Пенестија“.

Во општина Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, до 15 часот на гласање излегле 1.391 граѓанини или 19 отсто. И во оваа општина изборниот процес се одвива без проблеми.