„Фокус“ ја праша професорката по историја од Институтот за национална историја, Катерина Тодороска за свое мислење за новата наставна програма по предметот „Историја и општество“ за четврто одделение. Таа смета дека програмата е несоодветна на возраста на учениците. Потоа, некои од темите побаруваат претходно знаење кое го немаат, а следно е што учениците ќе добијат „инстант“ дигитални учебници, најверојатно изготвени од истите автори на наставната програма, смета Тодороска“- пишува Фокус.мк.

Таа додава дека второто прашање би било: Дали по совладувањето на наставниот материјал учениците ќе развијат идентитет на граѓанин на Република Северна Македонија?

-Според напишаното во наставната програма за која зборуваме тоа значи дека националната припадност Македонец ќе се сведе на етничка припадност, но националната припадност веќе се заговара како граѓанин на Република Северна Македонија. Со тоа, јасно е дека забетонираните националност и јазик, попримиле вода и се разводниле.За крај, ќе повторам дека во  објавената „Наставна програма предметот „Историја и општество“ за IV одделение“ има се‘ и сешто, а најмалку историја. Вакава каква што се нуди наставната програма е иновација на хибридниот систем кој образованието го сфаќа како процес на клонирање на ликови под нивниот интелектуален капацитет, заклучува Тодороска.

Линк до целиот текст.