Над 1200 жители на Гостивар пријавиле симтоми како повраќање, болки во стомак и дијареја, како резултат на наводно заагадената вода од градскиот водовод.
Додека пациенти постојано пристигнуваат во болницата, продолжува истрагата на полицијата и обвинителството за масовното труење во Гостивар.
Првичните сомнежи се дека труењето е од водата од градскиот водовод, а издадена е забрана за пиење, од страна на АХВ.
Почнати се лабораториски анализи во ИЈЗ во Скопје и тие треба да завршат во рок од 48 часа по почнувањето на испитувањето.
Од гостиварското јавно претпријатие пак тврдат дека водата не е причина за масовното труење, но полицијата веќе отвори постапка за кривично дело “Загадување вода за пиење” по член 219 од Кривичниот законик, поради сомнежи дека за да се зголеми притисокот во мрежата директно со пумпи се земала непрочистена вода.
Гостиварскиот градоначалник Валбон Лимани доцна синоќа преку објава на Фејсбук апелираше да се почитува забраната за употреба на водата, додавајќи дека засега нема официјални докази дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од градскиот водовод.
Денеска во посета на болноицата е министерот за здравство Сашо Клековски.
