Во земјава се активни 225 случаи на заразени со COVID-19, а од вчера во држававa е на располагање и најсовремената терапија за лекување од ворусот. Вакцинацијата, според здравствените власти, се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега се вакцинирани се вкупно 440.299 граѓани, а ревакцинирани 259.894.
Децата и младите од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање во текот на денешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Најголем број пријавени деца и млади, како што се посочува, има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 376, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и „Бит Пазар“ – 5. Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40, Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, а во останатите градови бројките се под 10 пријавени. По две деца се пријавени во Вевчани, Демир Хисар и Македонски Брод, а по едно во Кратово и Македонска Каменица, потенцираат од Министерството.