Повеќе од половина од случаите се пријавени во САД (51 милион), а 22 милиона се откриени во Бразил.
-Државите мора да ги задржат мерките за јавно здравје за да го ограничат преносот на вирусот, нагласи директорката на организацијата, Кариса Етјен, во соопштението.
Според неа, мнозинството американски држави ќе ја постигнат целта поставена од СЗО да имунизираат 40 отсто од нивните жители до крајот на годината. Но, земјите како Хаити, Гватемала и Јамајка нема да го постигнат тоа.