Полицијата во Ротердам соопшти денеска дека привела вкупно 72 навивачи по вчерашниот пораз на нивниот тим од Рома во Тирана во финалето на УЕФА Конференциската лига, кое на видеобим се следеше и на стадионот „Де Којп“ на холандскиот клуб.

Навивачите на Феенорд предизвикале бројни инцидент во различни делови на Ротердам, а нападнале и полицајци со стаклени шишиња, чаши и камења.

Полесно се повредени две лица, а оштетени се градски автобус и трамвај.

Полицијата соопшти дека била принудена да употреби солзавец и водени топови за да ги растера навивачките групи.