Овој број е споредлив со рекордните од почетокот на летото, а секако се работи за досега највисок број вакцинирани во еден ден, оваа есен. Во три дена вакцинирани се околу 50.000 лица.

Ден порано, 16.747 примија прва доза.

Досега во хрватска се потрошени 3.759.981 дози вакцини. Вкупно 1.990.925 лица вакцинирани се со прва доза, а 1.707.700 од нив примиле и втора доза. Со трета доза вакцинирани се 61.356 лица. До 10 ноември вакцинирано е 49,06 отсто од вкупното населени, односно 58,6 отсто од возрасните.

Најголемиот број вакцинирани, очекувано е во главниот град Загреб – 57,6 отсто од вкупното население, односно 69,2 отсто од возрасните.

Сепак, на ниво на цела Хрватска вакцинирани се 45,3 отсто од сите граѓани со две дози.

Во Загреб викендов, отворени се осум нови вакцинални пунктови, а работното време е секој ден од 14 до 20.